Новогодишни пакетчиња


Волонтерите од Здружението "Урбано Општество" од Скопје во текот на денешниот ден предизвикаа насмевка на неколку дечиња од социјално загрозени семејства. Воедно Ви посакуваме СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ.

Хуманитарна помош: Поделени 100 маски за заштита од ковид 19 на социјално ранливи категории на граѓани на територијата на град Скопје


На 45-тата седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Уредбата определува дека секое домашно или странско физичко лице на територија на државата е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично). Под лична заштитна опрема се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Поради горенаведеното Здружението на граѓани за општествена грижа и владеење на правото “Урбано општество“-Скопје на ден 2.5.2020 година подели 100 заштитни маски на социјално ранливи категории на граѓани на територијата на град Скопје.


Одржана еднодневна обука на тема „ТИМСКА РАБОТА И ЛИДЕРСКИ СПОСОБНОСТИ НИЗ КОМУНИКАЦИСКИОТ ПРОЦЕС“


Здружението за општествена грижа и владеење на правото “Урбано општество“-Скопје на ден 7.3.2020 година во просториите на НВО Порта одржа еднодневна обука на тема: „ТИМСКА РАБОТА И ЛИДЕРСКИ СПОСОБНОСТИ НИЗ КОМУНИКАЦИСКИОТ ПРОЦЕС“. Предавач на обуката беше Максимилијан Казаков кој e тренер и дипломиран комуниколог при Универзитетот на Југоисточна Европа отсек комуникациски науки и односи со јавноста. Во четиричасовната обука присутните преку теоретски и практичен дел беа запознаени со вештините на вербалната и невербалната комуникација, осознавањето на комуникацискиот процес како основа за понатамошна успешна кариера, со фазите на формирање групи, решавање на проблеми во група доколку се јават, како и истакнување на нивните лидерски способности при водство во дадена група. На крајот на обуката на сите партиципиенти им беа доделени соодветни сертификати од НВО Урбано општество, кој во иднина ќе им користат при понатамошно вработување, како и на местата на кои работат во моментот.


Јавен повик за пријавување за учество на обука на тема: Тимска работа и Лидерски способности низ комуникациски процес


Што нуди обуката ?

1. Осознавање на комуникацискиот процес , како основа за понатамошна успешна кариера;

2. Запознавање со вербална и невербална комуникација;

3. Фази на формирање групи;

4. Решавање на проблеми во група доколку се јават;

5. Истакнување на вашите лидерски способности при водство во дадена група;

Сите овие вештини ќе се изучат низ теоретски и практичен дел, со најсовремени и најразлични видови на вежби од областа на тимска работа и лидерски способности.

Времетраење на обуката: 4 часа

Големина на група : 15 -20 членови

Место на одржување : МКЦ 1 кат простории на НВО Порта

Цена на обуката: 600 денари

Обучувач и тренар е дипломиран комуниколог при Универзитетот на Југоисточна Европа отсек комуникациски науки и односи со јавноста – Максимилијан Казаков

Работилницата ќе се одржи на ден 07.03.2020

Пријавување за обуката на емаил: urbanoopstestvo@gmail.com или тел.број. 078/613-409


*Апликантите кои се заинтересирани за обуката да се пријават најдоцна до 05 Март * На крајот на обуката сите патиципиенти ќе добијат соодветни сертификати од НВО Урбано општество и истиот ќе ви послужи при понатамошно вработување, како и на местата на кои работите во моментот.


НВО УРБАНО ОПШТЕСТВО НА ПОКАНА ОД CIVICA MOBILITAS ДЕЛ ОД ДЕНОТ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ


На 14.09.2019 бевме дел од на фестивалот „Ден на граѓанските организации“,во организација на Civica Mobilitas во паркот Ибни Пајко и на плоштадот Скендербег учествувавме во многубројните активности со над 80 граѓански организации. Програмата во младинското, креативното и едукативното катче изобилуваше со креатвни работилници, обуки и предавања за сите возрасти. Во паркот Ибни Пајко учествувавме во мноштво игри и активности. На платото Скендербег одблиску се запознавме со граѓанските организациии, поразговаравме со нив и се приклучивме кон нивните активности. Придонесот на граѓанските организации во општеството и заедницата е огромен и „Денот на граѓанските организации“ беше одлична можност за граѓаните да се информираат, предложуваат и да се вклучат во иницијативите кои ги предводат здруженијата.


КАЖИ ДА


Воведна работилница за проектот „Спознај ги човековите права и кажи ДА за еднаквоста и родовата рамноправност“ ќе се одржи на 17-ти јули 2019 во аулата на СЕПУГС "Васил Антевски-Дрен"-Скопје. Целта на настанот е преку презентација на проектот и неговите активности да се поттикне соработка на полето на развој на граѓанското општество и младинско учество во:

1.препознавање на младинската работа како клучна алатка за помагање на позитивниот личен и социјален развој

2.намалување на ризичното однесување и насилство кај младите

Тимот на проектот ќе ги претстави основните елементи на проектот, причините за негово организирање, неговите цели и наредните активности. Проектот „Кажи ДА“ е поддржан од Агенцијата за млади и спорт.


Пинг-понг турнир за лицата со телесен инвалидитет


НВО Урбано Општество-Скопје викендов во средното училиште Михајло Пупин во Скопје во рамките на проектот" Можеш и ти" поддржан од Владата, повторно одржа спортски турнир во пинг понг за лица со телесен инвалидитет. Овој пат натпреварувачите беа членовите на Здружението "Мобилност" Скопје.

Прочитај повеќе


Урбано општество во посета на Старо село-Тетовско


НВО "Урбано општество"- Скопје беше на гости кај 12 членото семејство во с.Старо село-Тетовско дониравме храна облека и обувки.

Прочитај повеќе


Новогодишна хуманитарна акција


ОУ "Лазо Ангеловски"-Скопје заедно со НВО Урбано Општество за новогодишните и Божиќни празници со уште една хуманитарна акција, овојпат за најмалите дечиња донација на играчки и облека во домовите за деца без родители и СОС Детско село.

Прочитај повеќе


Маалски школски игри


Урбано општество во соработка со основните училишта од општина Аеродром, ОУ„Лазо Ангеловски“, ОУ„Ѓоргија Пулевски“, ОУ„Љубен Лапе“ и ОУ„Димитар Македонски“ ги огранизираа првите маалски училишни игри на кои учество земаа самите ученици и наставници од имените училишта.

Прочитај повеќе