За Урбано Општество

Целта на постоењето на Здружението на граѓани Урабно Опшество е да даде активен придонес во развојот граѓанското општество во Македонија со пиетет на младиот човек и неговото ингерирање во општеството, да го поттикне волонтирањето како можност за стекнување на искуство и навики за работа, заштита на маргинализираните групи во општеството со посебен осврт на лицата со посебни потреби и нивно интегрирање во општествените токови, промовирање и развој на демократија и демохристијански вредности, промовирање на спорт и здрав живот

Соработката со невладини организации и државни органи по прашања од заеднички интерес за промоција на потребите и проблемите на младиот човек, соработката со стучни организации и институции, невладини и хуманитарни организации и поединци, како во Република Македонија така и во странство. Сето ова реелаизирајќи го преку следниве програмски задачи и активности:

  • Остварување и унапредување на човековите права
  • Политичко образование
  • Цивилно општество
  • Локална самоуправа
  • Меѓуетнички односи
  • Владеење на правото
  • Менаџмент на човекови ресурси
  • Oбезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства како и остварување и заштита на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени,културни,образовни, спортски и други права
  • Соработка со здруженија на граѓани, фондации, единици на локалната самоуправа, и други организации чии цели се компатибилни со целите на
  • Други области на општсетвениот живот